21
Екипи на Македонија пат утрово се на терен по појавата на одрони на повеќе места на магистралата А3 која е дел од патот Делчево – М.Каменица – Кочани.
Од подружницата на Македонија пат апелираат на внимателно возење по сообраќајниците, напоменувајќи дека поради обилните дождови кои паднаа утрово сообраќајот се одвива по влажни коловози.
-Препорачуваме внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација на патниот правец Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Наши екипи остануваат на терен се до целосно расчистување на одроните, порачаа од Македонија пат.
Посебно се препорачува внимателно возење на делницата Делчево – Илиово – Битка, како и долж целиот патен правец од М.Каменица кон Кочани.