Во просториите на ООУ „Лазо Ангеловски” – општина Аеродром по повод одбележувањето на 21 Март – Денот на пролетта и екологијата, денеска се организираше Еко модна ревија.
Денешната Еко модна ревија претставува славење на детската креативност и фантазија. Нашата цел како организатори и домаќини на овој настан е да им овозможиме на сите ученици од основните училишта на територијата на општина Аеродром да создадат свои уметнички дела преку кои ќе ја истакнат функцијата на реупотребата на рециклирачките материјали.
Преку своите изработени модели и презентации учениците се дел од подигнувањето на еколошката свест и култура, како и за придонесувањето за почиста околина и поздрава средина.
На овој настан земаа учество повеќе од 180 ученици од сите основни училишта на територијата на општина Аеродром , а иститот беше збогатен со присуството на нашата гостинка – модната дизајнерка Ирина Тошева, којашто зад себе има богато и плодно дизајнерско искуство и се претстави со модел изработен од оризовиот „отпад“ експериментирајќи заедно со куркума и лушпи од бел и црвен кромид и преку техниката „шибори“, како една од најстарите техники за боење од Јапонија, споделија од основното училиште.