Екокапсула за секоја точка од светот

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Ако некогаш ви се сакало да избегате од градската бучава и да уживате во природната убавина во некое оддалечено катче, каде и да е во светот – тоа сега имате реална шанса да го направите.29da8122cb4c93a14ddfea768de7a26d

Плус е дека нема да има потреба да се прашувате каде да останете или пак колку пари за сметки ќе треба да дадете за време на своето “бегство”.

Словачката архитектонска компанија Nice Architects размислувала за сè. Таа има воспоставено вистинска екобижу или кажано на друг начин – мал дом, кој ќе ви овозможи да живеете каде сакате, без да се грижите дали таму има струја или вода.

Минијатурниот дом е опремен со соларни панели, ветерни турбини, како и дизајн, кој ја собира дождовницата. Екобижуто располага освен со атрактивен изглед и со кујна, тоалет и туш.

Според архитектите екокапсулата има “широк спектар на апликации”. Таа може да послужи како независна истражувачка станица, туристичка колиба или дури како хуманитарно живеалиште.

Екодомовите сè уште не се продаваат, но барања за купување ќе се прават на крајот на оваа година. Првите испораки на екокапсулите ќе се извршат до средината на 2016 година.

Во нашата галерија може да го разгледате спектакуларниот проект на Nice Architects.

9bba8dfda4c956185ac00fd034a45e52 20990c9eb78acd84d92318207c73d952 30fd7bb092667382940c2b02f4a795a4 8602b0adc529a512e21a5c3771fbb288 0aa80e52eea3ffeeacd0c2dcc13d0f97 37bdd683435777693108f3f5dd07f191 da0cfefb6cedb971e98bf26b126624db 2bec5678bd1af8e68f4b34d84a3882ca