Екологистите реагираат: Од Јегуновце се влева токсичниот исцедок во реката Вардар (фото)

од Берта Китинска
366 прегледи

Ова си го пиеме и јадеме секој ден и после се чудиме на болештии…стои во фејсбук објавата на која од фотографиите може да се забележи жолтеникава боја од водите во село Јегуновце.

Екологистите велат дека фирмата Југохром, продолжува да загадувазав.

„Ова што го гледате на фотографиите е исцедокот од депонијата на Југохром во Јегуновце. Онаа вода кадешто се влева токсичниот исцедок е реката Вардар! Она на другиот брег на Вардар е планината Жеден. Од другата страна на планината се изворите Рашче, од кои вода пие цело Скопје! Ја гледате гадотијава во сите нијанси на жолто и зелено што истекува непречено? Е, тоа е шествалентен хлор!!! “,стои во кемнтарот  објавен на Фејсбук.

https://www.facebook.com/jpolenak/posts/10223019002320957