Данскиот главен град Копенхаген го презеде првото место на листата на најдобри градови за живеење во светот, на која три години по ред е предводена Виена, според ново истражување.
Промената на врвот на листата на британскиот „Економист“ доаѓа по неколку години, при што Копенхаген сега ги добива максималните 100 поени за стабилност, образование и инфраструктура.
Данскиот главен град беше втор на листата минатата година, а Виена сега ја зазеде таа позиција.