Тој не е умрен, не беше соборен при удар во Кремљ. Не се повлече, при борбите за превласт на завојувани банди од мафијата. Блед и молчели, но несомнено жив, Владимир Путин испливуваа оваа недела во Санкт Петербург по мистериозно 10-дневно отсуство, кое предизвика френетични приказни за абдикацијата – политичка и физичка.Ако даден лидер е амблем на една страна, истото важи за приказните и гласините за оној кој ги раскажува. А гласините и приказните за лидерите може да се најслаткоречиви. Монарси, чие допир лекува скрофулоза, императори полубогови, бесмртни кралеви како Артур : легендите за владетелите се квинтесенција на надежите и стравовите на една нација. Кога – слични на Путин – овие водачи ќе се изгубат од јавното видно поле, измислиците кои го пополнуваат вакумот, зборуваат толку за јавното мислење и политичката реалност, колку и нивните говори.
Ако другите светски лидери западнале во хибернација како Путин, какви ли и инсинуации би следувале? Еве некои идеи:
Барак Обама:
Противниците на официјалната верзија за нападите во САД од 11 септември ќе ја поддржуваат тезата дека Обама е ставен во изолација од своите манипулатори од “Ал Каеда” негде во Хиндокуш; Приврзаниците на движењето “чајна партија” ќе кажат дека тој е во Куба, обработен идеолошки од својот другар Фидел Кастро (сте забележале ли дека никогаш не ги гледате двајцата заедно во иста просторија?). Некогашните обожаватели мрачно ќе заклучат дека тој е осамен во Овалниот кабинет, за да реши еднаш засекогаш дали зголемувањето на контингентот во Авганистан во 2009 година е добра идеја.
Франсоа Оланд:
Цела Франција претпоставува дека претседателот паднал во длабока меланхолија поради љубовницата. Порано или подоцна на жандармеријата ќе и биде наредено да бараат маж со очила, што вози мотор. По јавен протест сепак потрагата по Оланд е прекинат.
Дилма Русеф:
Според нејзините непријатели претседателката е во Венецуела, собирајќи вредни информации како да го трансформира Бразил во следниот Боливарски рај во Јужна Америка (се зборува дека Хуго Чавез ја благословил посетата, поајавувајќи се како птица – ликот кој бесмртниот револуционер понекогаш го прифаќа, утешувајќи го наследникот Николас Мадуро).
Си Цзинпин:
Како, кога во 2012 година тој исчезна од јавниотпоглед, социјалната мрежа “Веибо” се полни со гласини дека кинескиот претседател бил жртва на атентат. Многу наскоро потоа “Веибо” е затворена.
Дејвид Камерон:
Куцата коалициска влада не завршила којзнае каква работа во последно време, па ќе помине некое време пред некој да забележи дека него го нема. Малкумината Британци го регистрирале неговото отсуство, сугерираат дека одмара некаде или јава нечиј туѓ коњ.
Работите станува јасни само кога амбициозниот лондонски градоначалник Борис Џонсон двосмислено инсистира дека не се очекува, повторувам – не се очекува да го заземе испразнетото место.
Ангела Меркел:
Г-ѓа Меркел е незаменлив светски лидер. Таа нема право да исчезнува.
