Економисти: Продавајте ги акциите, доаѓа колапс на пазарот!

од desk3
54 прегледи

Инвеститорите се соочуваат со полна со пресврти година, во која на пазарот на акции може да се сруши со 20 отсто, а цената на нафтата – до 16 долари за барел. За ова предупредуваат економистите на Ројал банк оф Скотланд (RBS), цитирани од TheGuardian.

Image_5230212_126

Во соопштението до своите клиенти од банката посочуваат: “продавање на се со исклучок на високо-вредни хартии … Во преполните сали излезите се тесни.”

Според економистите на институцијата сегашната ситуација многу потсетува на онаа од 2008 година, кога колабира “Леман брадерс”, што доведе до глобална финансиска криза. Овој пат Кина може да биде во улогата на “активирачки механизам”.

Весникот посочува дека пазарот на акции веќе се наоѓа под силен притисок, а водечкиот индекс на Лондонската берза FTSE загуби 5 проценти од својата вредност во најлошиот почеток на годината од 2000 година. Тоа се случи и со водечкиот индекс во Њујорк – Dow Jones, кој загуби 6% од својата вредност за недела.

Цените на нафтата исто нагло паднаа во позадината на стравувањата за намалување на побарувачката и зголемено снабдување. Ова се случува во услови на подготвување на повлекување на санкциите врз Иран. Тензиите меѓу Иран и Саудиска Арабија ја прави сè помалку веројатна одлуката на ОПЕК да го намали производството за да ги поддржи цените. Брент веќе се тргува за нешто над 31 долари за барел, што е најниско ниво на цената од април 2004 година.

Рогозин: Ширењето на НАТО на Балканот е „опасен процес“

Инвеститорите се загрижени од стравувањата за значителен пад на кинеската економија и девалвација на јуанот и покрај напорите на владата да се ограничат загубите.

Ендрју Робертс, шеф на кредитните операции на RBS, коментира пред изданието дека според него проблемот во Кина ќе се претвори во снежна топка.

Пазарите беа поддржани за кратко од ниските камати, мерките за стимулирање на економијата, спроведени од централните банки (главно преку т.н. квантитативни олеснувања), и надежите за закрепнување на економиите. Но со одлуката на Федералните резерви да почне зголемување на каматите и очекувано таквото однесување од страна на Банката на Англија оваа поддршка на пракса е избришана.

Според Робертс пазарите на акции во Европа и САД може да се урнат со 10 до 20 отсто. FTSE пак е во уште поризична ситуација заради тоа што во него се вклучени многу компании кои нудат стоки. “Сите оние инвеститори кои обично купуваат вредност на нафтени и рударски компании, сметаат дека тоа е сигурна позиција, но ќе најдете дека тоа воопшто не е така”, вели Робертс.

“Се сомневаме дека 2016 година ќе се карактеризира со повеќе фокусирање на тоа како ќе излезат од ситуацијата инвеститорите во три групи средства кои беа корист од квантитативните олеснувања: растечките пазари, кредитирањето, акции и обврзници. Ризиците се високи”, предупредува тој .

“Гардијан” наведува дека оваа банка не е единствената со слична прогноза. Аналитичарите на JP Morgan исто предупредиле клиенти да ги продадат своите акции при првата можност.

Во меѓувреме од Morgan Stanley прогнозираа дека е можно цената на нафтата да се сруши до 20 долари за барел, а пак очекувањата на Standard Chartered се дури и лоѓи и прогнозираат дури 10 долари за барел.