Европската комисија објави прогноза за економскиот раст за следната година, според која 19 членки на еврозоната ќе влезат во рецесија во текот на зимата, додека инфлацијата ќе опстојува подолго од очекуваното поради високите цени на енергијата и падот на куповната моќ на потрошувачите, пренесе АП.
Есенската прогноза на Европската комисија предвидува економски пад во последните три месеци од оваа година и првите месеци од 2023 година, наведувајќи дека високите цени на енергијата, зголемените трошоци за живот, високите каматни стапки и забавувањето на глобалната трговија „ќе ја поттикнат ЕУ, еврозоната и повеќето земји-членки во рецесија во последниот квартал од оваа година“.
Прогнозите за раст за цела 2023 година се ревидирани на 0,3 отсто од 1,4 отсто, колку што беше проценката во јули. Инфлацијата ќе ја достигне целта подоцна од очекуваното, на крајот на годината и ќе се искачи на 8,5 отсто во 2022 година или до 6,1 отсто во 2023 година во еврозоната.
Станува збор за зголемување од еден процент за 2022 година, односно повеќе од два отсто колку што се предвидува за 2023 година, се вели во документот на Европската комисија.
Европската комисија прогнозира дека стапката на невработеност ќе се зголеми од 6,8 проценти оваа година на 7,2 проценти во 2023 година, а потоа се очекува да се намали на седум проценти во 2024 година.