Економските потреси ги погодија бизнисите на Apple, Alphabet и Amazon

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Технолошките гиганти Apple, Amazon и Alphabet – компании со комбинирана пазарна вредност што се приближува до 5 трилиони долари – објавија разочарувачки резултати во четвртиот квартал. Се чини дека економското забавување ја намалува побарувачката за електронски уреди и не само – има пад и кај облачните услуги и дигиталното рекламирање, пишува Bloomberg.

Акциите на сите три компании паднаа во тргувањето по работното време, при што Amazon падна за 6,6%, Alphabet 6,4% и Apple за 5,6%.

Продажбата на Apple падна повеќе отколку што очекуваа аналитичарите во тој период, погодена од побавните купувања на iPhone и Mac.

Приходите на Amazon паѓаат поради слабата побарувачка на потрошувачите за онлајн производи. Резултатите на Alphabet, под чија капа е Google, се разминаа со прогнозите на Волстрит откако нејзиниот бизнис со реклами се намали.

Сите три големи технолошки компании нагласија дека имаат планови за надминување на падот. Извршниот директор на Alphabet, Сундар Пичаи, користи вештачка интелигенција како начин за подобрување на резултатите од пребарувањето и другите производи.

Лошите перформанси на Apple минатиот квартал се должат на ограничувањата на синџирот на снабдување, особено во Кина, каде што заклучувањата поврзани со Ковид го попречија производството и ги спречија потрошувачите да купуваат во физички продавници. Главниот извршен директор на Apple, Тим Кук, коментираше дека олабавувањето на мерките во Кина помага да се подобрат перспективите.

Извршниот директор на Amazon, Енди Џеси сака да ги намали трошоците како дел од стратегијата. „Мислам дека приоритет број 1 на кој трошам време со тимот е намалување на нашите трошоци за услуга низ нашата оперативна мрежа“, рече Џеси.

Слични содржини