384
Поранешната голема надеж на холандската гимнастика, Верона ван де Лер во моментов се манифестира како продуцент и режисер на филмови за возрасни.
32-годишната во моментов, која е поранешна светска вицешампионка на земја и добитничка на пет медали од Европското првенство во 2002 година, се насочи кон еротската бранша по проблеми во личниот живот во 2011 година, кога влегува во затвор за изнуда.
Престојот зад решетки се испоставува пресвртница во нејзиниот живот. Потоа таа постепено го поминува патот од сексчатови во живо до учество во порнофилмови, а сега веќе е и творец на овие дела.
Во своите филмови, таа често го покажува она што го научила од спортот, покажувајќи ги можностите на нејзиното тело.