Екс-медијаторот О’Нил: Референдум за името- опасен инструмент и можеби ќе ви даде глупав одговор

од desk3
96 прегледи

Првиот посредник во спорот за името- Робин О Нил во интервју за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце  изјави  дека негов совет до Владата на Република Македонија е ист како изминатиот период, а тоа значи дека смета оти сега Македонија треба да се обрати до Обединетите нации за да ѝ се признае уставното име, и веќе да биде надвор од секакво прашање или спор. Тогаш, вели, ќе биде многу тешко за било која членка на Европската унија да тврди дека името треба да се менува.

04082012104619_o nil

– Во однос на прашањето за референдум околу името на Македонија, какво ново име ќе се предложи? И по нашето искуство во Британија минатата недела, цврсто тврдам дека референдумот е опасен инструмент и можеби ќе ви даде глупав одговор, вели О Нил.

Задржувајќи се на актуелните случувања во Британија за и околу Брегзит, амбасадорот О Нил вели дека следува период на тешки преговори и одлуки во ЕУ.

– Сега, сите сме соочени со многу тешки одлуки и огромен број преговори во Европската унија, а нејзината политичка положба во светот, како и на Обединетото Кралство се нарушени. Но, какви се импликациите за Македонија? Британија постојано го поддржуваше приемот на Македонија за членство во Европската унија, но, надвор од Унијата веќе нема да бидеме во можност да помогнеме во оваа смисла. Сепак, не смееме да заборавиме дека процесот на напуштање на Европската унија во најдобар случај ќе потрае неколку години, а до тој датум Британија сé уште ќе биде членка, потенцира британскиот дипломат.

Верува дека е во интерес на Европската унија Македонија да биде членка, и се надева оти една од последиците од британската одлука за членство нема да биде да се запре приемот на нови членки./МИА

Слични содржини