Ексклузивно! Еден од пилотите кои го собори рускиот Су-24 учествувал во државниот удар во Турција

од desk3
76 прегледи

Градоначалникот на Анкара Мелих Гокчек изјави дека во обидот за државен удар во Турција учествувал еден од луѓето кои го симнале рускиот Су-24. Тој е учесник на организацијата на исламски проповедник Фетхуллах Гулен кој живее во егзил . Гокчек исто ја обвини организацијата на исламскиот проповедник во обид да ги влоши односите на земјата со Русија, како и во желбата на Турција да биде изолирана во меѓународната политика, објавија турски медиуми.

1468661630-kar

Според информациите на турските телевизии, војската распоредена на мостот во Истанбул, се предала. Движењето по двата моста над Босфор е вратена.

Аеродромите и граничните премини по границата на Турција добиле предупредување дека членовите на организацијата на Гулен може да се обидат да ја напуштат земјата. Воздушниот простор над северозападниот дел на Турција е затворен до вечерта.

Организаторот на воздушниот удар врз хотел во Мармарис, во кој се наоѓал Ердоган, Дениз Јузбашија Ѓулмез бил пренесен во болница. Тој е хоспитализиран со повреди со различен степен.

Во последните 50 години: Воени преврати урнаа четири влади во Турција

Во ноември минатата година Турција симна воен авион до сириската граница, а според Анкара машината била руска и го прекршила турскиот воздушен простор, соопшти турското претседателство. Според изјавата и на турската армија авионот бил предупреден за прекршокот – во интервал од 5 минути биле упатени 10 предупредувања, кои не биле земени во предвид.

Два турски ловци Ф-16, кои патролирале на границата, учествувале во соборувањето на авионот во согласност со правилата за реакција на турските вооружени сили.

Руското Министерство за одбрана, цитирано од ТАСС, сепак најави дека руски бомбаредер “Су-24” се урна во Сирија најверојатно како резултат на бомбардирањето од земјата. Тој е погоден на 6000 метри височина над територијата на Сирија и тоа може да се види и од објективните средства за контрола, посочуваат од Министерството,.

Соборувањето на авионот доведе до голем дипломатски скандал и ги исправи двете страни на работ на конфликтот. како одговор на падот на Су-24 Русија најави санкции во однос на Анкара, вклучувајќи и во сферата на туризмот. Како резултат на мерките беа замрзнати и бројни билатерални проекти.