Некој извадил пиштол зад сцената и почнал да пука со ред, обезбедувањето било бавно
Се појавија првите кадри од пукањето во салата “Ирвинг Плаза” во Њујорк, каде што еден маж беше убиен, а други четворица тешко повредени. По последните информации, станува збор за тројца мажи и една жена, соопшти Ен Би Си Њујорк.
33-годишен маж бил застрелан во стомакот и починал подоцна во болница. Во друга болница се однесени останатите повредени. Информации за нивната состојба не е јасна
Информацијата е дека непознати отвориле оган врз публиката на концерт на раперот TI
.Од полицијата велат дека раперот требало да одржи концерт во “Ирвинг плаза” во средата вечер, кога почнало пукањето. Тројца мажи и една жена се тешко повредени и нивните шанси за опстанок се минимални. Според првичните информации, изведувачот уште не се беше ни појавил на сцената, кога се слушнале истрелите. За моментов не е јасно колку луѓе стрелале. Се уште нема осомничени за инцидентот.
https://youtu.be/Gtg5SjpRF8U
