ЕКСКЛУЗИВНО ОД КОСОВСКА МИТРОВИЦА: Полицијата делува во координација со косовското УЈП

од Илинка Илиоска
386 прегледи

“По добиените информации дека се врши незаконско дејствување во некои бизниси на северот од државата, по овластување на обвинителот интервениравме и ги проверуваме. Со нас е и Даночната управа на Косово“, изјави за Локално, Ветон Елшани портпаролот на косовската полиција задолжен за северниот дел на Косово.

Косовската полиција поладнево околу 15 часот, синхронизирано влезе во најмалку четири филијали на Поштенската штедилница во сите четири општини на северот на Косово, како и во служба на Трезорската управа.

На терен се и припадници на ЕУЛЕКС и КФОР.

Во тек акција во неколку експозитури на Банка Поштанска Штединица во северниот дел на Митровица, Звечан и Зубин Поток. Дополнително, полицијата влегла и во Управата за финансии во Митровица, каде штотуку ги отстранила таблите со натпис „Република Србија – Министерство за финансии на Србија – Управа за финансии“.

Како што претходно потврди косовската полиција, тоа е направено по овластување на обвинителот, вели Свеќља.

„Заради утврдување на законитоста, по комуникација и барања на надлежните институции и овластувања на обвинителот.

Жители на Косовска Митровица за Локално.мк изјавија дека во моментов ситуацијата е мирна. Сирените за тревога не се вклучени, но околу штедилницте се собрани мал број граѓани во знак на протест.

Елшани не одговори дали оваа акција е поврзана со неодамнешните средби во Брисел на кои главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими ги оцени како неуспешни. А, на кои двете страни со посредство на Европската унија уште еднаш се обидоа да најдат решение за финансиските дознаки за косовските Срби од Србија, по одлуката на централната канцеларија на Банката на Косово за забрана за користење на српскиот динар во земјата.

И.И.

Слични содржини