Велат дека ѕвездите се раѓаат сјајни, тие се извонредни од самите почетоци. Тоа само го потврдуваат, неверојатниот талент и артистичност на Мартија Станојковиќ, која во последната епизода на Пинкови ѕвездички доби поклон од жирито за маестралната изведба на на хитот на Сем Смит, а воедно и саундтрак за последниот филм на Џемс Бонд, “Writings on the Wall“, кои очигледно ја краселе уште од најмали години.
Ако сега го расплака жирито поради боженствениот глас, во видеото од пред 5 години каде кумановката е на само 6 годишна возраст, ќе ве доведе повторно до солзи, но од смеа.
Кумановката Мартија го дигна жирито на нозе во солзи


Дека е родена ѕвезда видовме уште по првата појава во шоуто, а со секој настап, храбар избор на песна и целокупна светска изведба таа тоа само поверодостојно го потврдуваше. По ова видео можеме само да се увериме дека детето има божји дар да биде светски уметник и да се запрашаме за уште 6 години, каде ќе биде таа? Mислите дека Мартија денес тоа е случајно?
https://youtu.be/An4R32tFGTQ