Експериментален дрон “Акила” (Aquila) на американската компанија “Фејсбук” (Facebook) се урна уште за време на првиот тренажен лет минатото лето.
Ова се разбра дури сега. Причината е силниот ветер, кој го оштетува крилото и ја предизвикал несреќата.
Ова во вторникот објавија од Националната дирекција за безбедност во транспортот на САД во објавениот извештај за истрагата на несреќата.
Коосновачот на компанијата, Марк Цукерберг објави во јули дека тестот е успешен. Станува збор за авион, придвижуван од соларна енергија и дизајниран да ги поврзува со интернет оддалечените области. Цукерберг сепак не споменал за катастрофа.
Според извештајот на авијациските власти, инцидентот се случил за време на тест во Аризона на 28 јуни, кога Aquila летал со брзина од околу 12,9 m / s на висина 6 метри над земјата. Немало настрадани луѓе. На 22 јули Цукерберг изјави дека инженерите на компанијата работеле на овој проект во текот на две години.
Распонот на крилата на авионот е речиси ист како оној на Боингот 737, додека масата му е само околу 450 кг. Уредот е изработен по аеродинамичната конфигурација “летечко крило” и е опремен со четири завртки.
Aquila треба да лета на висина од околу 18 илјади метри и да обезбеди пристап до интернет на корисниците со помош на ласерски зрак.