Експерт од Харвард открива каде ќе падне кинеската ракета

од Stefanija Kuzmanovska
686 прегледи

Поголемиот дел од остатоците од големата кинеска ракета „Долг марш 5Б“, за која се очекува да се врати во атмосферата за време на викендот, ќе изгорат при враќањето и веројатно нема да предизвикаат штета, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин. Астрофизичарот од Харвард даде и свои проценки за местото на падот на ракетата.

Ракетата „Долг марш 5Б“ беше лансирана на 29 април од кинескиот остров Хаинан носејќи го беспилотниот модул „Тијанхе“, кој содржи она што ќе стане простор за живеење на постојаната кинеска вселенска станица.

Локацијата на слетувањето на ракетата во атмосферата на Земјата при падот од вселената „не може да се одреди се до неколку часа пред нејзиниот влез“, што треба да се случи околу 8 мај, соопшти американската вселенска команда.

Говорејќи во Пекинг, Ванг Венбин рече дека Кина внимателно го следи враќањето на ракетата во атмосферата и дека повеќето од нејзините компоненти ќе бидат запалени при враќањето.

– Можноста овој процес да предизвика штета на површината е исклучително мала – рече тој.

Остатоците од ракетата „Долг марш 5Б“ најверојатно ќе паднат во меѓународните води, извести кинескиот „Глобал тајмс“.

Со оглед на моменталната траекторија на ракетата, патеката од остатоци најверојатно паѓа на север во ниво на Њујорк, Мадрид или Пекинг, а на југ на ниво на Чиле и Велингтон или на кое било друго место помеѓу, рече астрофизичарот од Харвард Џонатан Мекдауел оваа недела.

Лансирањето на модулот „Тијанхе“ е прва од 11 мисии потребни за завршување на кинеската вселенска станица. Шефот на Пентагон Лојд Остин во четвртокот изјави дека Американците нема да ги уништат кинеските ракети, индиректно критикувајќи го Пекинг дека изгубил контрола.

Слични содржини