Вие сте во врска веќе три месеци и работите одат во добра насока. Постојано мислите на вашиот партнер и сте посреќни од кога било, па дури и покажувате знаци на љубомора кога тој е меѓу други луѓе. Сигурно се прашувате дали ова е вистинска љубов.
Терапевтот Кернер рече дека постои дефиниција за љубов и вљубеност, и дека тие многу се разликуваат.
Љубовта е топло чувство, ентузијазам и посветеност кон друга личност, додека вљубеност е опсесивно силно чувство и восхит. Во суштина, љубовта е подлабоко чувство и посветеност кон некого, додека вљубеноста е „фаза на меден месец“.
– На почетокот на врската чувствувате возбуда и еуфорија и таа често е придружена со страст. Ако се чувствувате опсесивно, ирационално возбудено и „напалено“, тогаш сте во фаза на вљубеност. Ве прави да се чувствувате одлично, но и малку несигурно затоа што сè е ново за вас. Љубовта е нешто што се одгледува подолг временски период, кога ќе сретнете некого и ќе изградите врска. Создавате и емоционална безбедност, а пред таа личност можете да покажете дека сте ранливи – рече Кернер.
Тој истакнува дека кога сакате личност, ги знаете неговите лични детали и се чувствувате сигурно отворено да разговарате.
Сепак, љубовта и вљубеноста не се исклучуваат меѓусебно.
-Вљубеноста е позитивна ако е возвратена, а негативна ако не е. Само времето ќе покаже дали вљубеноста ќе се претвори во долгорочно чувство на љубов- рече Кернер.
Тој вели дека има некои работи што можете да ги направите за да ја зајакнете врската и да преминете од „фазата на меден месец“ кон вистинската врска. Првиот е да ѝ дадете време на вашата врска. Обавезно комуницирајте и научете да правите компромиси. Најважна е вашата посветеност, што е она што ќе доведе до поврзаност потребна за да се роди љубовта.