Четири суплементи дневно го спречуваат стареењето. Вака верува д-р Мајкл Грегер, кој е специјализиран за исхрана и долговечност. Покрај тоа што следи растителна исхрана, секој ден зема по четири суплементи.
Првиот е витаминот Д, за кој објаснува дека помага во апсорпцијата на калциум и фосфор, кои се клучни за силни коски и заби. Според едно истражување, тоа е поврзано со намален ризик од развој на рак.
Д-р. Грегер зема и витамин Б12, кој помага во функционирањето на нервите, формирањето на црвените крвни зрнца и производството на ДНК. Го има во храната, но главно онаа од животинско потекло, поради што веганите се изложени на ризик од негов недостаток.
„Луѓето кои јадат растителна храна треба да обезбедат сигурен извор на витамин Б12“, советува Грегер, пренесе Стандард лајф.
Третиот додаток кој го консумира се DHA капсулите на база на алги. Ако имате недостаток на DHA, може да развиете иритација на кожата и очите, промени на косата, вкочанетост на зглобовите и зголемен ризик од депресија.
Конечно, самиот Грегер подготвува четврти додаток кој се состои од мелена куркума, црн ким, мелен ѓумбир и индиско цариградско грозде во прав. Тој смета дека се работи за моќна комбинација која делува противвоспалително и го зајакнува имунитетот.