Експерти за говор на телото тврдат дека при првото јавно појавување по интервјуто на Хари и Меган, принцот Вилијам покажал желба да „задржи контрола“, но и дека чувствува „силни емоции“, поради што не само што ги игнорирал прашањата од новинарите како неговиот татко Чарлс, туку се сврте и јасно кажа: „Ние не сме расистичко семејство“.
На прашањето да даде коментар за време на посетата на едно лондонско училиште, Вилијам, кршејќи ги правилата за однесување, го игнорираше лицето со кое разговараше и одговори на прашањето.
„Се чинеше дека тој сакаше, како што направи неговиот татко Чарлс, само да продолжи без коментар, но неговата потреба да одговори беше посилна од тоа. Дури и преку маската, се слушна нешто како кратко иронично смеење“, изјави експертот Џуди Џејмс за „Дејли Меил“.
Џуди вели дека најсилниот сигнал што го видела кај Кејт и Вилијам бил дека и двајцата зазеле ист став, што дава до знаење дека се согласуваат во мислењата и дека се емоционално и интелектуално поврзани.
Вилијам беше првиот член на кралското семејство што одговори на обвинувањата за расизам, а исто така откри дека досега не чул со неговиот брат.
„Во таа прилика, тој ја наведна главата, но ја подигна едната веѓа, а во неговите очи се виде насмевка кога додаде дека има намера да го стори тоа“, објаснува Џуди.
„Брзината со која тој одговори открива силни емоции иако се обидува да ги прикрие, делува цврсто, но истовремено и попустливо, како постар брат кој сака да разговара со помладиот откако ќе прекрши некои домашни правила“, објасни таа.
Иако не се воздржа да одговори, има јасни знаци дека сакаше да го избегне прашањето.
„Тој одеше со Кејт со брзо темпо и ја стави едната рака зад нејзиниот грб како да бара од неа да побрзаат. Исто така си поигрувал со маската, што покажува дека има бариера и сака да го заврши разговорот. Сепак, прашањето за расизмот не можеше да го игнорира“, вели Џуди.
Таа наведе дека не можеме да знаеме дали Вилијам е лут.
„Ако е, неговиот говор на тело го прикрива тоа. Не гледаме гнев во неговите очи или боја на гласот. Фактот што одговори на прашањето открива силни емоции, а тој веројатно сакаше да покаже цврстина и лидерство, но неговиот говор на телото открива желба да задржи контролата“, заклучи таа.