265
Европа мора да се подготви за вториот по големина мигрантски бран по седум години, бидејќи во спротивно се заканува хаос, предупредува експертот за миграција Џералд Кнаус.
Кнаус за весникот „Клајн цајтунг“ изјави дека војната во Украина предизвика огромен бегалски бран, кој по само две недели го надмина вкупниот број бегалци од поранешна Југославија за време на конфликтот во регионот.
Кнаус посочува дека големата предност, во споредба со мигрантскиот бран во 2015 година, е што стапувањето во сила на едно упатство од страна на ЕУ веќе не мора да чека на одобрување од националните држави.