Експерти: Болдвин го игнорирал „златното правило за безбедност“ при ракување со оружје на сетот

од Vladimir Zorba
693 прегледи

Експертите за оружје на ХОЛИВУД коментираат дека актерот Алек Болдвин го игнорирал „златното правило“ за безбедност при ракување со оружје на сетот.

„Наполнето или празно, оружјето никогаш не е насочено кон друго човечко суштество“, изјави Брајан Карпентер за „New York Post“. Брајан раководи со „Dark Thirty Film Services“, компанија која обезбедува услуги, обука и изнајмување оружје за филмска и телевизиска продукција.

Пиштолот, инаку, се насочува кон сетот кон местото каде што нема опрема, актери или филмска екипа. Оружјето никогаш не смее да биде насочено кон личност.

„Никогаш не смеете да дозволите цевката на оружјето да биде насочена кон нешто што немате намера да го погодите“, додаде тој.

Пиротехничарот и инженер за специјални ефекти на сетот, Зак Најт, верува дека многу луѓе направиле грешка во оваа ситуација.

„Прво и најважно, не треба да има вистински куршуми на филмскиот сет. Второ, секое лице што користи реквизити прво треба да провери дали се е во ред со него. И трето, нема причина каков било вид пиштол да биде пред било коja li;nost на снимањето“, рече Најт.

Тој вели дека на сетот речиси никогаш не се случува пиштолот да биде вперен директно кон некоја личност, tuku со монтажата се постигнува кредибилитетот на приказната.

„Голем број луѓе направија грешка во протоколот и секоја несреќа е резултат на низа настани“, додаде тој.

Полициските документи велат дека задолжената за оружје Хана Гутиерез Рид оставила три пиштоли на сетот за да служат како реквизити, додека помошникот режисер Дејв Холс му предал еден од нив на Болдвин и не знаел дека е наполнет, меѓу другото, со вистински куршуми.

„Студен пиштол“, викнал Холс на екипажот пред да почне снимањето, што би значело дека пиштолот е безбеден за употреба за снимање. Но, членовите на Меѓународната алијанса на вработени во театарот тврдат дека Халина Хачинс била убиена од муниција што никогаш не требало да биде на филмскиот сет.

„Не можам да замислам ниту една причина да користам вистинска муниција на снимањето. Нема објаснување зошто тоа би се случило на снимањето. Актерите не треба да имаат вистинска муниција во своите раце“, рекол поранешниот режисер Питер Лејк.

Да потсетиме, актерот Алек Болдвин (68) на филм во Њу Мексико во четвртокот ја уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза, соопшти полицијата.

Слични содржини