Националниот комитет за вакцинација (NIG) на Австрија, реагирајќи на ширењето на „омикрон“ сојот на коронавирус, препорача да се даде четврта доза од вакцината на високоризичните групи и на вработените во системски критичните области.
Покрај општата препорака за зголемување на стапката на вакцинација со бустер доза, NIG смета дека ќе биде неопходно, по шест месеци од третата доза, да се даде и четврта за високоризични лица.
Оваа препорака особено ќе влијае на здравствените работници кои работат со пациенти.
Од NIG потенцираат дека се работи за вакцинација „off label“, што значи дека не е одобрена од надлежните органи.
– Засега немаме докази дека оваа дополнителна вакцина може да спречи инфекции. Но, од тоа може да се тргне за да се спречат сериозни болести – се посочува во соопштението на NIG.
Одборот за вакцинација неодамна ја вклучи и одобрената вакцина „Новавакс“ во списокот на одобрени вакцини.
Оваа вакцина може да се дава на 18-годишни граѓани во две дози, со разлика од три недели, а е наменета пред се за оние со контраиндикации поврзани со други вакцини.