Ако се обидувате да забремените, постои начин да си помогнете со внесување на две задолжителни пози во вашиот сексуален живот, според една студија направена во француската клиника за фертилитет CMC Beau Soleil.
Двете задолжителни пози за зачнување се кучешката и мисионерска. Причината е дека пенетрацијата е многу длабока и главата на пенисот достигнува отворање на матката, што го олеснува движењето на спермата.
Лекарите направија неколку скенирања за време на сексот во овие две позиции, што покажува дека тие се “најдлабоки” и го ставаат машкиот член во “најпрофитабилната” позиција за оплодување. Според д-р Џејмс Голдфарб од Клиниката за фертилитет на Кливленд, не треба да се грижите толку многу за позициите.
“Многу ретко женската матка е во необична позиција, па одредени пози да имаат значење. Наместо тоа, гравитацијата е важна во овој случај. Ако работите за бебе, не треба да се стои или да седнете по празнењето на мажот, за да не истече семенат течност. Не е потребно да ги кревате нозете на високо како советуваат некои списи. На крајот на интимниот чин останете да полежите за 5-10 минути, што е доволно сперматозоидите, “наменети” да стигнат до матката, да го завршат својот пат “, објасни тој пред WebMD.