Експертите очекуваат инфлацијата во еврозоната годинава да биде 2,6 отсто, покажува објавеното квартално истражување на економските експерти, кое редовно го спроведуваат Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и Швајцарскиот институт за економска политика.
Според извештајот, стапките на инфлација во еврозоната ќе продолжат да бидат над посакуваната граница од два отсто, утврдена од Европската централна банка (ЕЦБ) во 2024 година.
Аналитичарите очекуваат дека инфлацијата во Германија ќе достигне 2,4 отсто, а во Франција 2,3 отсто, што значи дека ниту двете најголеми економии од еврозоната нема да можат да ја потиснат инфлацијата под два отсто оваа година.
Поради стагнантните инфлациски очекувања, централните банки би можеле да го прекинат дополнителното намалување на каматните стапки, предупредува истражувачот на ИФО, Никлас Потрафке.
Според прогнозите на експертите, светската инфлација би можела да достигне четири отсто оваа година и се очекува да падне на 3,9 отсто следната година и на 3,6 отсто во 2027 година.
Вкупно 1.514 економски експерти од 119 земји учествуваа во истражувањето од 17 септември до 1 октомври 2024 година, според веб-страницата на ИФО.