Експертите повикаа на тревога: Се зголемува ризикот од “валкана бомба” во Европа!

од Vladimir Zorba
103 прегледи

 

Терористи се близу до атомските централи поради тензиите меѓу Русија и Западот.

1465320696-20160218uwvzlcwzeg (1)

Тензиите меѓу Русија и Западот може да ги одврати од соработка за спречување на инцидентни од нуклеарна конфронтација или употреба на “валкана бомба” во терористички напад. На ова алармираат експерти за нуклеарна безбедност, цитирани од агенциите.

Поранешниот министер на САД Вилијам Пери изјави дека жали за сегашниот недостиг на комуникација помеѓу САД и Русија по анексија на Крим од страна на Москва.

“Близу сме да спздавање на услови кои речиси ќе не удрат до работ на нуклеарна војна” за време на Студената војна, предупреди тој.

Анатоли Адамишин, поранешен заменик-министер за надворешни работи на Русија, смета дека САД се насочени кон политика на “задушување на Русија”.

“САД само треба да ја преиспита својата политика: треба да се фокусираат на нуклеарното скратување. Русија и САД не се непријатели по природа “, смета тој.

Двајцата дипломати ги изразија своите ставови на конференцијата организирана од луксембуршкиот форум за спречување на нуклеарна катастрофа. На конференцијата учествуваа и поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, шведскиот дипломат Ханс Бликс и генералниот секретар на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано.

Претседателот на форумот Моше Кантор смета дека од крајот на Студената војна денес има најголема закана од напад со “валкана бомба” во европски град.

Експертите за безбедност изразија загриженост дека терористите можат да нападнат лошо обезбедуваните европски атомски централи.

Кантор ги повика Вашингтон и Москва да соработуваат во користењето на технолошките ресурси за набљудување на нелегалниот транспорт на радиоактивни материјали.

Горбачов, кој учествуваше на настанот со сателитска врска, истакна од своја страна дека е загрижен од зголемената подготвеност на многу земји да користат вооружени сили за решавање на конфликти наместо да преговараат.

Ова нема да ги реши проблемите, туку само ќе го поткопа меѓународното право и ќе ослабне меѓународните односи, категоричен беше Горбачов.