Трајното глобално затоплување, доколку е над прагот од 1,5 степен и достигне два Целзиусови степени, ќе влијае на „екстремната топлина“ што може да загрози дополнителни 420 милиони луѓе на Земјата, предупредуваат експертите на Меѓудржавниот панел за климатски промени (IPCC). Според нацрт-извештајот во кој АФП имал увид, до 2050 година уште 80 милиони луѓе ќе бидат изложени на ризик од глад.
Целта на Парискиот договор за климатски промени е да се одржи глобалното затоплување под два Целзиусови степени, а идеално е максимум од 1,5 степени. Сепак, сегашните прогнози не покажуваат дека целта ќе биде постигната.
„Животот на Земјата може да се опорави од големите климатски промени со еволуција на нови видови и создавање нови екосистеми. Човештвото не може“, се предупредува во работниот документ на IPCC на 137 страници.
Сеопфатен извештај за влијанието на глобалното затоплување, на 4.000 страници и далеку подраматичен од претходниот од 2014 година, ќе биде објавен во февруари 2022 година.
Извештајот треба да биде одобрен од членките на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, а по конференцијата за климатизација COP26, закажана за ноември во Глазгов.