Експлодира автобус во Турција, се истражува можноста за терористички напад (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Едно лице загина, а четворица се повредени по експлозија на автобус во Турција во северозападната провинција Бурса.

Автобусот ги превезувал затворските чувари до нивното работно место во моментот кога се случила експлозијата околу 19 часот и 30 минути.

Се истражува можноста за терористички напад. Гувернерот на покраината во изјава наведе дека експлозивот што ја предизвикал експлозијата најверојатно бил рачно изработен.

Гувернерот Јакуп Канболат изјави за новинарите дека еден од повредените е во критична состојба, пренесе „Дејли Сабах“. Според турските медиуми, убиен е Џенгиз Џигит (36), татко на три деца.

Возилото се движело низ станбена зона во централниот кварт на Бурса. Експлозијата се случила во близина на станицата на метрото. Се верува дека експлозивната направа била контролирана од далечина и оставена покрај патот.

Автобусот е тешко оштетен, скршени му се сите стакла. Целиот простор бил опколен од полиција, а министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу заминал во Бурса.

Слични содржини