Во спортската сала во Зубин Поток во која денеска треба да говори премиерот на Србија Александар Вучиќ  ноќеска околу 03 часот е фрлена и експлодирала  бомба. Покрај експлозијата во салата е пукано  и од автоматско оружје. Нема никој повреден, иако во салата имало само работници кои ја местеле бината на која треба да говори денеска српскиот премиер Александар Вучиќ

bomba-zubin-potok-jpg_660x330

Нема информации кој стои зад нападот но  степенот на безбедност во северот на Косово е подигната на највисоко ниво . Засега нема информации дали обраќањето на премиерот ќе биде откажано.zubin-potok-hala-sportova-bacena-bomba-foto-tanjug-rade-prelic-aleksandar-vu-1459665019-878135 zubin-potok-hala-sportova-bacena-bomba-foto-tanjug-rade-prelic-aleksandar-vu-1459664905-878133

Најавено е  само дека премиерот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе престојува во Косово, а за неговата безбедност ќе се грижи косовската полиција.Полицискиот портпарол Бали Келани изјави дека безбедносните органи на Косово имаат одговорност да обезбедат придружба на секој висок фукционер, кој го посетува Косово.

– Секоја делегација која доаѓа и има дозвола од властите на Република Косово, полицијата во зависност од нивото на делегацијата и проценките за опасност, обезбедува полициска придружба, изјави Келани,пренесува „Зери.инфо“.вучиќ

Вучиќ ќе посети повеќе населени места во северниот дел на Косово, населени со мнозинско српско население.

Според Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата за Космет и Метохија при српската влада, Вучиќ треба да се обрати на собир во Зубин Поток.

Пред доаѓањето на Вучиќ во северниот дел се поставени билборди и постери каде му се посакува добредојде.

Во Србија на 24 април треба да се одржат предвремени парламентрани избори

Слични содржини