Експлодира мина во „Крушик“: 20 работници биле во фабриката, седуммина се повредени

од Илинка Илиоска
55 прегледи

Експлозијата на мина се случи денеска околу девет часот во производствениот погон на српската воена фабрика „Крушик“, во Ваљево.

Според првите информации, се активирала мина, објави Нова.рс.

Во погонот во „Крушик“ во моментот на несреќата имало 20 работници, а седуммина се повредени.

Според првите информации, никој не е во животна опасност.

Слична несреќа во истата фабрика се случи и на 22 мај. И тогаш дошло до експлозија на мина, при што бил повредена една работничка.  Таа била пренесена во Ургентниот центар на Општата болница во Ваљево, каде и била укажана помош, по што била пуштена дома на понатамошно лекување.

Инаку оваа фабрика неодамна беше во центарот на вниманието и заради тројца поранешни и сегашни инженери на фабриката кои се осомничени за шпионажа и откривање доверливи информации.

На 24ти минатиот месец при претрес на станот на еден од уапсените биле пронајдени и одземени повеќе од 10.000 евра и договор за негово вработување во компанијата АТС Груп со седиште во Северна Македонија, која се занимава со производство на оружје и воена опрема, а чиј формален сопственик е Шефќет Демировски.

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за македонска фирма

Слични содржини