Експлозии во Белгород, запален магацин за оружје

од Vladimir Zorba
323 прегледи

Неколку експлозии се слушнале во рускиот град Белгород, на околу 40 километри од украинската граница, соопштија локалните власти.

На Телеграм, регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков рече дека околу 3.35 часот го разбудил звукот на експлозија.

„Магацин за оружје е во пламен“, рече тој.

„Според првите информации гори магацин за муниција. Нема информации за штети во станбени згради и куќи. Нема жртви меѓу цивилите“, рече тој.

Си-Ен-Ен наведува дека не може самостојно да ги потврди овие наводи.

Слични содржини