Во северниот дел на Крим експлодира складиште за муниција, јави денеска руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на управата на селото Мајское.
ТАСС додава дека во тек е евакуација на локалното население.
Explosions this morning at a Russian ammunition depot near Dzhankoi, a major junction in NW Crimea. HIMARS? Saboteurs? Neptunes? Something else? Unclear. But Ukraine has struck deep behind enemy lines before. This video shows munitions detonating and springing out of the blaze. https://t.co/gPOYTjbWpf
— Christopher Miller (@ChristopherJM) August 16, 2022
Министерството за одбрана на Руската Федерација потврди дека дошло до експлозија во магацин за оружје на Крим, но дека нема сериозно повредени.
Претходно во вторникот РИА исто така извести за пожар во трафостаница на Крим на 20 километри од селото, пренесува „Ројтерс“.
#Dzhankoi in occupied #Crimea. pic.twitter.com/YZp1vk1Blj
— NEXTA (@nexta_tv) August 16, 2022
Крим, кој е под руска контрола од 2014 година, беше главната почетна точка за воената кампања што Русија ја започна во Украина на 24 февруари.