Железничкиот сообраќај е во прекин по експлозија на мост недалеку од градот Чапаевск во руската област Самара, соопштија денеска оперативните служби.
„Околу пет часот одекна силна експлозија на железничкиот мост на реката Чапајевка, по што сообраќајот преку мостот беше прекинат“, се наведува во соопштението, пренесе руската новинска агенција ТАСС.
Според прелиминарните податоци на истрагата, во експлозијата била оштетена оградата и конструкцијата на носачот на мостот.
Од Ќубишевска железница соопштија дека нема повредени, пренесe РИА Новости.
„Поради незаконско мешање на неовластени лица во работењето на железничкиот сообраќај, дошло до нарушување на движењето на возовите на делницата Ѕвезда – Чапајевск (регион Самара) на железничката пруга Куибишев. Во моментов железничкиот сообраќај на оваа делница е во прекин. Некои приградски возови се повлечени од возниот ред. Никој не е повреден“, се наведува во соопштението на компанијата.