274
Во раните утрински часови во северниот дел на Косовска Митровица активирана е рачна бомба од чија експлозија е причинета материјална штета на прозорец од куќа, но повредени нема.
Случајот е отворен како „предизвикување општа опасност“. Инцидентот го потврди и заменик полицискиот командир за северниот регион Ветон Елшани.
„Се сомнева дека околу 01 часот по полноќ експлодирала рачна бомба на улицата „Цар Душан“ во Северна Митровица. Има мала материјална штета на прозорците од куќата. Нема повредени“, изјави Елшани за медиумите.
На местото на настанот пристигнале надлежни полициски единици.