210
Холандската полиција потврди дека експлозија е намерно предизвикана утрово на местото каде се извршува тестирање за ковид 19 северно од Амстердам.
Полицијата соопшти дека експлозијата се случила рано утрово во градот Бовенкарспел, во провинцијата Северна Холандија, и дека за среќа никој не е повреден, а причинета е мала материјална штета, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на полицијата Мено Хартенберг потврди за агенцијата дека истрагата е во тек и дека станува збор за намерно предизвикана експлозија на улицата пред центарот за тестирање „Ковид-19“ во овој град и дека нападот најверојатно бил извршен со цевка-бомба.