
Околу 20 часот се слушнала експлозија во близина на Основниот суд Скопје 2, потврдија од СВР Скопје. Како што информираат, повредени нема и не е причинета ниту значителна материјална штета.
Екипи на крим техника веднаш излегле на терен и вршат истрага за што точно се работи и што експлодирало.
Од полицијата велат дека за сега не можат да дадат повеќе информации и најавија дека со повеќе детали ќе излезат во текот на утрешниот ден.