14
Во градот Келн на западот на Германија денеска по втор пат за само неколку дена одекна мала експлозија. Експлозијата се случила околу 5 часот по локално време на улицата Еренштрасе во центарот на градот, соопшти полицијата.
Експлозијата предизвикала пожар, но тој брзо бил изгаснат, соопшти полицијата. Од таму додадоа дека едно лице кое се обидело да го изгасне пламенот избегнало повреда и подоцна било сослушано како сведок, а никој друг не е повреден.