Најмалку четири лица се повредени денеска во експлозија во зграда во центарот на Токио, од кои тројца потешко, соопшти полицијата.
Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат пожар на вториот кат од зграда и парчиња стакло расфрлани на улицата, според националниот радиодифузер NHK.
„Ројтерс“ јавува дека очевидците рекле дека почувствувале мирис на гас пред експлозијата, додавајќи дека пожарот не се проширил.
Експлозијата се случила во дел од градот каде има бројни деловни канцеларии и ресторани.