258
Најмалку четири лица загинаа по експлозија во куќа во предградие во северозападната држава Пенсилванија, соопштија локалните власти.
Градоначалникот на Потстаун, Џастин Келер, на прес-конференцијата потврди дека експлозијата се случила во четвртокот околу 20 часот по локално време, на околу 65 километри северозападно од Филаделфија, јави WPVI-TV.
Две повредени лица се хоспитализирани, додаде Келер, но нивната состојба не е позната.
АП наведува дека не е познато што ја предизвикало експлозијата.
Полицијата се уште не ги објави имињата на загинатите или повредените во експлозијата, а не се соопштуваат дополнителни детали.