Експлозија во Куба: Бројот на загинати се искачи на 40

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Експлозија предизвикана од истекување гас во хотелот Саратога во Хавана во петокот предизвика трагедија во која бројот на загинати се искачи на 40, соопшти кубанското Министерство за здравство.

Последните податоци објавени во понеделникот вечерта покажуваат 54 повредени лица, од кои 18 се уште се во болница. Податоците откриваат дека има 40 загинати лица, меѓу кои четири деца и млади луѓе и еден шпански турист. Меѓу повредените, шест се во критична состојба, а седум се во тешка состојба, соопшти Министерството.

Пронајдени тела

Во понеделникот наутро, спасувачките служби известија дека извлекле четири тела од урнатините на хотелот. Четирите пронајдени тела биле вработени во хотелот, според кубанската државна новинска агенција ACN, која во понеделникот околу пладне додаде дека „од 12 до 13 лица сè уште се водат како исчезнати“.

Потрагата продолжи во понеделникот, изјави на државната телевизија полковник Луис Карлос Гузман, командант на пожарникарите.

Слични содржини