Експлозија во подрум од зграда во Скопје

од Nikola Popovski
730 прегледи

МВР информира дека при експлозија на зграда во скопската населба Аеродром, едно лице се здобило со повреди. Според полицијата, настанот се случил на 20.10.2021 во 10:20 часот.

-Било пријавено дека во подрум од зграда на ул.„Методија Шаторов Шарло“ настанала експлозија при што Љ.С.(58) од с.Љубанци, скопско, се здобил со повреди по телото. Според пријавеното, експлозијата настанала додека Љ.С. и И.Ј.(49) сечеле метална конструкција. Увид извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.