Експлозија во рудник во Турција, повеќе рудари блокирани под земја

од Берта Китинска
135 прегледи

Неколку рудари се заробени под земја по експлозија во рудник за јаглен во северна Турција.

Според медиумите, експлозијата се случила во квартот Амасра во Бартин, а на терен се голем број амбулантни возила.

Засега не се знае точно колку рудари се заробени, а според телевизијата А Хабер, која се повикува на локалните власти, на лице место, на длабочина од 300 метри, имало 115 рудари, пренесува РИА Новости.

– 44 лица се заробени на 300 метри под земја, пет лица на надморска височина од минус 350, додека 14 работници се евакуирани од местото на несреќата – изјави гувернерот на Бартина Нуртач Арслан.

Арслан додаде дека се уште не е познато како дошло до експлозијата.

Четворица рудари успеале да излезат од јамата, а турските медиуми јавуваат дека нема информации дека некој загинал.

Акцијата за спасување е во тек.