256
Една жена е тешко повредена денеска во експлозија во зграда во центарот на Мадрид, објави службата за итни случаи на својот профил на Твитер.
Според локалните медиуми, експлозијата во зградата во населбата Малазана најверојатно била предизвикана од истекување на гас.
По експлозијата избувнал пожар, а повредената се здобила со изгореници на околу 25 отсто од телото, пишува Telemadrid.es.
На местото на настанот излегле неколку противпожарни единици, а околните згради се евакуирани.
#Madrid Herida una mujer tras la explosión en una vivienda de Malasaña (Madrid) https://t.co/R2t0TGsDoN pic.twitter.com/niLX7QRkTC
— Juan Antonio Tirado (@jatirado_oc) September 16, 2022