Три лица се повредени, а две исчезнаа во експлозија во станбена зграда во центарот на Бордо, на југозападот од Франција, соопштија службите за итни случаи.
Според полицијата најверојатна причина за експлозијата е истекување на гас.
Службите за итни случаи се на терен и се поголем е стравот дека станбената зграда во која се случила експлозијата ќе се сруши.
Очевидци велат дека експлозијата се почувствувала низ центарот на градот.
Експлозијата искршила излози низ целата област, како и излози на продавници.
https://www.youtube.com/watch?v=VVLlFPU8LqQ&feature=emb_title