Експлозијата во Нешвил е намерно предизвикана

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Официјални лица веруваат дека експлозијата што одекна денес во центарот на Нешвил е намерно предизвикана.

Портпарол на полицијата во Нешвил, Дон Ерон изјави дека полицијата била повикана во центарот на градот поради сомнително возило во време кога одекнала силна експлозија низ градот.

„Веруваме дека експлозијата е намерно дело“, рече Арон.

Три лица се префрлени во болницата, но никој од нив не е сериозно повреден, изјави портпаролот на пожарникарите Џозеф Плесант.

Божиќната експлозија сега ја испитуваат неколку агенции, локални и федерални, вклучително и ФБИ. Дел од градот е затворен за сообраќај и очевидци велат дека силината на експлозијата ги искршила прозорците на околните згради и околните улици биле полни со чад.

Слични содржини