Екстремна мерка: Австралија не ги отвора границите до средината на 2022 година

од Stefanija Kuzmanovska
461 прегледи

Границите на Австралија се затворени една година поради пандемијата на коронавирусот, а покрај фактот што скоро нема случаи на инфекција, оваа земја не планира да го отвори влезот во земјата за странци до средината на 2022 година.

Министерот за трговија и туризам Ден Тихан изјави дека не го смета целосното отворање за реално пред средината или дури и втората половина на 2022 година, пренесува „Блумберг“.

Тихан додаде дека „работите можат да се променат, како што видовме во оваа пандемија“.

Австралија делумно ги отвори своите граници минатиот месец, но само за граѓаните на Нов Зеланд, каде исто така нема ширење на корона.

Слични содржини