Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, на Инстаграм објави видео од капење во ледена вода, покажувајќи, како што рече, дека издржливоста на телото најмногу зависи од силината на умот.
Овој чин беше инспириран од екстремниот спортист Вим Хоф, а друштво му правел пријател.
„Јас и Константин преживеавме во планински поток една минута и 45 секунди. Се е во начинот на размислување. Практикувањето на вакво нешто изгледа лудо, знам, но е многу важно за тренингот на умот и телото. Преку разни техники, како што е дишењето, можеме да се смириме доволно за да бидеме во екстремни услови, како што се овие, и полесно можеме да се справиме со дневниот стрес. Јас ги користам методите на Вим и тие се многу корисни во мојот живот. „Умот над нештата, мозокот над телото“. Ги советувам сите да го истражуваат и пробаат овој предизвик“, напиша Ѓоковиќ.
За оние кои одлучуваат да преземат сличен потфат, тој посочи неколку правила: мора да биде зима, капењето мора да биде во река или поток, само во костим за капење, барем половина од телото мора да биде потопено во вода, а сè треба да трае барем една минута
„Сè е можно. Одиме“, вели Ѓоковиќ на крајот од видеото.