Апаратите од руско-европската мисија “ЕкзоМарс” се одделија од ракетата носач “Протон” и излегоа на патеката на летот, што води кон Марс.
Ова го соопшти државната компанија “Роскосмос”. Во составот на мисијата влегуваат сателитот Trace Gas Orbiter (TGO) и демонстративниот воздухопловен модул “Скиапарели” (Schiaparelli).
Ракетата-носач, која го изведе во орбитата “Протон-М”, беше истрелана од космодромот во Бајконур во 12.31 часот вчера. Предвидено е во 00.24 часот на 15 март на “ЕкзоМарс” да се вклучи командниот прибор, по четири минути да се отворат сончевите батерии и станицата да дојде во контакт со Земјата. Сигналите од мисијата ќе се примаат на станицата “Малинди” во Кенија. Три минути подоцна европскиот центар за управување на летовите ќе добие податоци за состојбата на системите на мисијата.
Патот на “Екзомарс” до Црвената планета треба да трае 7 месеци.