Компанијата „Ел-Џи“ (LG) потврди дека во февруари официјално ќе го претстави својот нов смартфон за време на Светскиот мобилен конгрес.
Иако „Ел-Џи“ не наведе дека се работи токму за смартфонот „Ел-Џи Г5“, на сите им е јасно дека токму овој електронски уред тогаш ќе и биде презентиран на јавноста. Се работи за телефон кој ќе го наследи „Ел-Џи Г4“, чија задна страна е пресвлечена со кожа.
На поканите наместо ознаката „смартфон‟ стои натписот „Новиот врвен модел на Ел-Џи“.
„Ел-Џи Г5“ треба да има врвни спецификации, 4К екран, интегриран скенер за отисок на прст, подобрена камера во однос на претходникот и нов процесор Qualcomm Snapdragon 820.
Овој смартфон ќе биде ривал на „Самсунг Галакси С7“ и на „Иксперија Зет-6“.
Светскиот мобилен конгрес ќе трае од 22 до 25 февруари, а „Ел-Џи“ потврди дека својот уред ќе го претстави во недела на 21 февруари во 14:00 часот.