Ел Салвадор стана првата земја во светот што прогласи криптовалута за официјална валута. Ова се очекува да ги намали таксите платени за трансакции во странство, но многумина се загрижени за потенцијалниот пораст на нелегалните активности.
Бидејќи се децентрализирани, криптовалутите не зависат од светските банки. Главната економија ги отфрла поради вртоглави промени во вредноста, така што дигиталните валути се уште се гледаат како нешто ново. Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, сепак, гледа на Биткоинот поинаку, па затоа одлучи да го прогласи за официјална валута. Тој верува дека тоа ќе биде од корист за сите граѓани, но со новата валута доаѓаат потенцијални опасности.
Најголемата предност е што граѓаните нема да мора да плаќаат високи такси во американски долари за трансакции од странски земји. Најголемата опасност е уште поголема загуба на контрола врз нелегалните активности, бидејќи трансакциите се затворени и анонимни, така што криминалците можат да раководат со средства без страв дека ќе бидат следени.
Factbox: Pros and cons for El Salvador, the first bitcoin nation https://t.co/5I4vOFAZL2 pic.twitter.com/S4bK9q93he
— Reuters (@Reuters) September 7, 2021
Биткоинот стана официјална валута во оваа земја на 7 септември, а граѓаните ќе имаат на располагање дигитални паричници, како и 200 банкомати каде што ќе можат да менуваат физички валути во Биткоин. Останува да видиме како граѓаните ќе се справат со новата валута, и како промените во вредноста на биткоинот ќе влијаат на тој начин.